Чави нема да биде тренер, ама не си оди од Барса

Минатиот месец Чави објави дека ја напушта тренерската позиција во Барселона на крајот од сезоната, но каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво тврди дека тоа нема да биде крај на неговиот престој во клубот.

Ако случајно не дојде до промена во неговото размислување и не продолжи на клупата, Чави во иднина ќе биде амбасадор на Фондацијата Барселона со што, сепак, ќе остане надвор од фудбалот. Тоа веројатно и беше негова замисла, по три стресни сезони на тренерската позиција во Барса.

Официјалната потврда за ова треба да биде објавена наскоро, веднаш штом стане јасно дека Чави официјално си заминува во јуни.