Бруно Фернандеш го препороди Јунајтед и за 10 меча влезе во историјата на Премиерлигата (ФОТО)

Како Манчестер јунајтед се препороди после корона-кризата многумина се прашуваа, ама одговорот лежи само во еден – Бруно Фернандеш.

Најдобриот пријател на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски зимоска го засили Јунајтед после долга сага околу неговиот ангажман и брзо покажа дека е полн погодок за „црвените ѓаволи“. Откако е дојден со само 10 меча успеа да влезе во историјата на Премиерлигата.

Доказот е – на своите први 10 меча учествувал во 13 гола. Скорот му е седум гола и шест асистенции. Никој претходно во историјата немал ваков старт, а Бруно потврди дека го чека блескава авантура во најтрофејниот англиски великан.

И откако тој е мотор на тимот, Јунајтед направи нешто што не се памети. Четири меча по ред победува со најмалку три гола.