Бетис му се закани на Манчестер јунајтед поради Антони!

Шпанскиот тим Бетис му се закани на Манчестер јунајтед поради тоа што нема напредок во преговорите за бразилскиот репрезентативец Антони.

Бетис долго време води преговори со „црвените ѓаволи“ затоа што сака да го задржи Антони по успешната позајмица, но засега работите не се одвиваат по планот.

„Од економски аспект, сè мора да биде во рамки на нашите можности. Позајмица со опција за откуп делува како реална опција за таа сума која ја бара Јунајтед. Вложуваме напори, но доколку не се реализира трансферот, нема да го сфатиме како неуспех“, кажа првиот човек на Бетис.

Антони минатата сезона настапи на 17 меча во Ла Лига, при што постигна пет голови и две асистенции.

 Фото: Facebook/Real Betis Balompié