Бензема за одлуката на Мбапе: Не е момент да зборувам за такви ситници

Младиот француски напаѓач Карим Бензема ги шокираше сите пред неколку дена кога соопшти дека останува во ПСЖ и потпиша нов договор со францускиот гигант, иако имаше шпекулации дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

Овој потег налути голем дел од навивачите и фудбалерите на шпанскиот првак, меѓу кои беше и Карим Бензема, кој испрати порака преку фотографија на Инстаграм за „предавството“ на неговиот сонародник.

Новинарите ги интересираше мислењето на Бензема за потегот на Мбапе, кој му е соиграч во француската репрезентација.

„Реал Мадрид игра во Лига на шампиони и сега не е вистински момент да зборувам за такви ситници. Не сум лут, туку сум фокусиран на мечот со Ливерпул. Има поважни работи за мене“, кажа Бензема.