Беневенто во следното коло во Серија А гостува во Фиренца кај екипата на Фиорентина, па реши на овој натпревар да настапи со специјални дресови во чест на починатиот капитен на „виолетовите“, Давиде Астори.

Дебитантот во италијанската елита на ракавите од дресовите ќе има испишано, „Чао Астори“. Овој натпревар на „Артемио Франки“ дефинитивно ќе биде исполнет со многу емоции, а овој потег на Беневенто дефинитивно е за поздравување.