Бенаси: Духот на Астори ни помогна да победиме!

Фудбалерите на Фиорентина успеаа да го победат Беневенто со 1-0 во првиот меч по смртта на капитенот Давиде Астори.

Единствениот гол за „виолетовите“ го постигна Виктор Уго во 25. минута, а истиот беше доволен за победа. По мечот изјава за медиумите даде Марко Бенаси.

„Астори беше со нас на теренот и мислам дека му помогна на Виктор Уго во скокот за да постигне гол. Беше многу тежок ден, беше тешко да се влезе во соблекувалната, да се гледа неговиот дел и да се забележи дека не е таму. Игравме за него и се надевам дека е горд на тоа што го направивме“, вели Бенаси.