Белингем со болка ќе игра на Светското клупско првенство, а потоа - операција!
Белингем веќе подолго време игра со болки во рамото, за да ја отстрани повредата која го мачи ќе треба да биде подложен на операција.
Но, хирушкиот зафат нема да се случи по крајот на Ла Лига, туку Англичанецот ќе стисне заби и ќе го одигра и Светското клупско првенство.
Потоа ќе замине на операција и ќе го почне процесот на рехабилитација.