Барселона и Арсенал водат жестока борба за младиот Французин

Пред неколку месеци ПСЖ беше на чекор да го заврши трансферот на младиот Билел Хасаини од Нанси. Францускиот шампион беше подготвен да понуди 300 илјади евра за 18- годишниот Хасаини, но преговорите во последен момент пропаднаа.

Сега во трката за ово фудбалер останаа Барселона и Арсенал. Англичаните планираат младиот фудбалер да го вклучат во вториот тим, додека Барса сака да го испрати на позајмица. Хасаини има забележано 11 настапи за француската репрезентација до 17 години, а Нанси мора да го продаде затоа што се наоѓа во тешка финансиска ситуација.