Барселона ги има парите на сметка, сега сѐ е на Ла Лига

Фудбалскиот клуб Барселона ги исполни условите што ги постави Ла Лига и денеска ги доби последните пари од продажбата на ВИП местата на Камп Ноу.

Во улога на инвеститори се појавиле две компании од Катар и Обединетите Арапски Емирати кои требале да платат 28 милиони евра и заедно со претходните уплати, сумата ќе достигне 100 милиони евра. Таа треба да е доволна за Барселона да го достигне фамозното правило 1:1 што подразбира купување и регистрација на фудбалери во зимскиот преоден рок.

Откако банката ќе ги обработи трансакциите, клубот ќе достави дополнителна документација до Ла Лига која треба да ја донесе конечната одлука околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор.