Баерн скроил план како да го убеди Зидан да седне на тренерското столче!

Германските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан станува опција за наследник на Томас Тухел на тренерската позиција во Баерн Минхен.

Прв пик на Баерн Минхен е Чаби Алонсо, но доколку не успеа да го обезбедат неговиот потпис, имаат други опции.

Една од нив е Зинедин Зидан кој има изјавено дека не сака да работи онаму каде што има јазична бариера. Германија е една од тие земји, Французинот не знае германски.

Но, Баерн Минхен има решение за тоа. Како помошник сакаат да му го донесат неговиот сонародник, Френк Рибери кој 12 години помина во баварскиот клуб и многу добро ги познава случувањата на Алијанц Арена.