Баерн Минхен го потврди засилувањето од Штутгарт
На „Алијанц Арената“ 25-годишниот дефанзивец пристигнува од редовите на Штутгарт кој не можеше премногу да направи да го задржи бидејќи Баерн ја плати неговата откупна клазула во изност од 30 милиони евра.
Договорот кој го потпиша Ито со Баерн е со важност до јуни 2028 година. За Штутгарт неговата продажба е одлична зделка бидејќи во клубот пристигна за само 400.000 евра од Јубило Ивата. Покрај Штутгарт и Ивата, тој настапуваше уште и за тимот на Нагоја Грампус.