Баерн Минхен договори ново засилување од Тотнем (ВИДЕО)

Германскиот гигант Баерн Минхен минатото лето го купи Хари Кејн од Тотнем, а оваа зима реши да ангажира уште еден фудбалер од лондонскиот тим.

Томас Тухел потврди дека бил постигнат договор со Ерик Даер, кој утрово пристигна во Минхен за да ги помине медицинските прегледи.

Англискиот фудбалер ќе потпише договор на една ипол година, а ќе има можност да ја продолжи соработката на уште една дополнителна сезона.