Баерн ги руши своите принципи и плаќа 100 милиони евра за фудбалер на Јувентус

Баерн Минхен е тим, кој е познат по тоа што не плаќа големи суми за фудбалери. Најскап фудбалер во историјата на „баварците“ е Корентан Толисо, кој изминатото лето пристигна за 41,4 милиони евра од Лион. 

Сето ова би можело да се смени во следниот преоден рок, бидејќи германски „Билд“ пишува дека „баварците“ подготвуаат мега-понуда од 100 милиони евра за Пауло Дибала.

Аргентинецот иако има солидна сезона со 25 постигнати голови, има доста проблеми да се адаптира на новата формација 4-3-3 на Масимилијано Алегри. Дибала дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери во Европа и е цел на многу големи клубови. 

Досега најсериозниот интерес доаѓаше од Шпанија, поточно од Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, но во трката се вклучува и Баерн Минхен. Доколку Роберт Левандовски навистина си замине летово и премине во редовите на Реал Мадрид, Дибала ќе биде примарната цел на германскиот гигант.