
Баер Леверкузен го замени Тен Хаг со поранешниот селектор на Данска
Новинарот Фабрицио Романо објави дека бившиот дански селектор, Каспер Хјулманд го презема кормилото на „фармацевтите“.
Договорот меѓу двете страни бил потпишан, а Хјулманд нема долго време да се запознае со фудбалерите, зашто првиот тренинг му е закажан за 48 часа, а потоа следи меч в петок.
Хјулманд ја тренираше Данска во период од 2020 до 2024 година, а претходно работеше во Мајнц, но и неколку дански екипи.
Фото: Facebook/Fabrizio Romano