Бадељ се збогуваше со Астори: Нема никогаш да те заборавиме!

Во првиот натпревар по трагичната смрт на капитенот Давиде Астори, Фиорентина успеа на домашен терен да го победи Беневенто со 1-0.

„Виолетовите“ до победа ги водеше наследникот на капитенската лента, Милан Бадељ, кој кажа дека нема никогаш да го заборават Астори.

„Ќе дадам се од себе за да го зачуваме духот на Астори во соблекувалната. Исто така, ние ќе се даваме сѐ од себе на тренинзите и натпреварите, како што тоа го правеше токму тој. Ќе биде тешко, но тоа е најмалку што можеме да направиме за него“, кажа Бадељ по натпреварот.