Астори меѓу луѓето кои ја одбележаа историјата на Италија

Опелото за неодамна починатиот фудбалер и капитен на Фиорентина, Давиде Астори, ќе биде одржано в четврток во прочуената црква Санта Кроче во Фиренца.

Таму се погребани многу историски личности како што е Галилео Галилеј, но и италијанските уметници како Микеланџело и Леонардо да Винчи, односно писателот Данте Алигиери.

Да потсетиме, Астори почина во ноќта помеѓу саботата и неделата во хотел во Удине од срцев удар.