Артета се договорил со Арсенал и веќе подготвил чистка на „Емирати“!

Шпанецот Микел Артета, кој му беше помошник на Пеп Гвардиола во шампионскиот Манчестер сити се договорил со лондонски Арсенал за да го наследи Арсен Венгер, по 22 години минати на клупата на „топчиите“, објави најпопуларниот фудбалски портал „Гол“.

Артета треба да биде официјално да биде наименуван во следните денови, откако Венгер и официјално ќе замине од „Емирати“. Договорот на Артата со Арсенал не е потпишан, а „Гол“ посочува дека идејата за Шпанецот да дојде во Лондон е на извршниот претседател Иван Газидис, кој верува дека младиот тренер совршено ќе се вклопи во модерната европска структура.

И без оглед што сè уште не е наименуван за нов менаџер, Артета веќе наредил чистка, па прв отказ ќе добиде главниот човек на лекарскиот тим Колин Левин, кој во клубот работеше во последните 23 години. Артета дал препорака за смена на Левин, затоа што го обвинува за прераното враќање на теренот додека беше капитен на Арсенал.

За многумина во клубот оваа одлука била шокантна, а покрај Левин веќе извесно е дека ќе си заминат и тренерот на голманите Гери Пејтон, фитнес тренерот Тони Колбер и економот Пол Џонсон.

Шпанецот во клубот најверојатно ќе донесе свои сонародници, а се шпекулира дека дел од неговиот тренерски тим ќе биде и Санти Казорла.