Анчелоти четири месеци го брка кртот во соблекувалната на Реал и никако да го фати!

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти веќе четири месеци го брка кртот во соблекувалната на Реал Мадрид, кој оддава тајни по медиумите, но никако Италијанецот не успева да го фати, па сега наредил и специјална дополнителна истрага за да се пронајде натрапникот.

Анчелоти бил бесен откако неколку часа пред мечот во Лондон на „Стемфорд бриџ“ против Челси во првото четвртфинале, излегол официјалниот состав на тимот, по што Италијанецот збеснал зашто Томас Тухел имал повеќе време за да најде против игра за формацијата, иако тоа што Анчелоти го извади како најдобри единаесетмина беше очекувано и скоро да не бее тајна.

Но, Италијанецот од 12 декември го брка кртот во соблекувалната, кој буквално сѐ што се случува во неа, го оддава на медиумите и јавноста има увид практично во сѐ што се случува, а сето тоа го нервира Анчелоти.

„Марка“ објавува дека информациите од соблекувалната ги издава некој од најискусните фудбалери или евентуално некој од стручниот штаб, па затоа сега е презема итна истрага. Од друга страна, се посочува дека можен крт е некој и од фудбалерите кои помалку играат.