Аморим вети: Во јануари нема да купам играч од Спортинг, но потоа...
Навивачите на Спортинг стравуваат дека Аморим со себе во Манчестер јунајтед може да земе и некој од фудбалерите, пред се извонредниот напаѓач Ѓекереш. Но, тоа нема да се случи, барем не во јануарскиот преоден рок.
„Нема да потпишам ниту еден фудбалер на Спортинг за Манчестер јунајтед во јануари, потоа не знам што ќе се случи на лето“, рече Аморим.
„Фудбалерите на Спортинг се добри фудбалери. Ќе видиме што ќе се случува“.