Аморим објасни зошто повторно го отпиша Рашфорд

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд повторно не е во составот на Манчестер јунајтед, откако Рубен Аморим реши и трет меч по ред да го отпише од екипата.

Аморим пред натпреварот даде кратка изјава за новинарите во кои ја објасни неговата одлука.

„Тоа е моја одлука и секогаш така ќе биде. Сакам да го видам најдоброто од моите фудбалери, да пробам нови системи со различни фудбалери, тоа е мојата цел“, кажа Аморим.

„Ѓаволите“ пред мечот против Бормут се наоѓаат на 13. место со 22 бодови.