Гостивар лесно се справи со Чаир
Освен во почетните минути Гостивар беше во предност речиси во текот на целиот натпревар и брзо стигнаа до двоцифрена предност. По првата четвртина на семафорот стоеше 24-13.
Таа предност ја одржуваа домаќините и во текот на вториот период па на одмор заминаа со предност од 14 поени разлика (45-31).
Не се промени сликата ниту во второто полувреме и гостите не успеаа во ниту еден момент да ја загрозат сигурната предност на домаќините. На крајот се радуваа на поебда со 90-75.
На табелата по 11 кола Гостивар е осми со 15 бода, два повеќе од Тиквеш и два помалку од МЗТ.
Најефикасен на натпреварот беше Грусановиќ со 21 поен, додека за Чаир Кирик уфрли 20.