Мусолини повторно е во мода во Италија (ВИДЕО)

Јуве Стабија денеска ја оствари третата победа во низа и остана во игра за пласман во плејофот откако на домашен терен ја победи Чезена со 1-0.

Голот за победа го постигна фудбалер со интересно презиме - Мусолини. Станува збор за правнук на поранешниот фашистички лидер Бенито, Романо Флоријани кој го носи презимето на својот прадедо. Од очигледни причини, во Фудбалската федерација на Италија е заведен како Романо Флоријани, но кога денеска го постигна побендичкиот гол, сите присутни го скандираа славното презиме.

Да биде уште поинтересно, фановите кога викаа „Мусолини“ ги креваа рацете, но нејасно е дали се профашистички настроени или само гестикулираа како што тоа обично го прават навивачите.

Што се однесува до Романо Флоријани, тој наскоро ќе наполни 22 години, за Јуве Стабија игра како позајмен фудбалер од Лацио, а денешниот гол му беше прв во сениорска конкуренција во кариерата.