Митревски: Треба максимално да се подготвиме за предизвиците во Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Стара Пазова ги започна подготовките за Светското првенство во 2025 година.

Лазаров со своите избраници ќе се подготвува во Стара Пазова до 30 декември, а на стартот од подготовките изјава даде голманот Никола Митревски.

„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“.

На првенството Македонија е сместена во групата „Д“ каде што се уште Унгарија, Холандија и Гвинеја.