Орландо нема среќа - заврши сезоната за Мориц Вагнер
Одамна надвор од тимот е првиот пик од пред неколку години Паоло Банкеро кој ќе отсуствува уште долго време, уште најмалку две ќе го нема Франц Вагнер, во „аут“ е и Џејлен Сагс, а денеска заврши сезоната за вториот Вагнер, Мориц. Еден од најдобрите германски кошаркари во моментов ги скина предните вкрстени лигаменти на дуелот против Мајами и нема да се врати на терените оваа сезона, а во прашање е доведен и настапот на Европското првенство претстојното лето.
На досегашните 30 натпревари Орландо има 18 победи, колку и третопласираниот Њујорк, но со сите проблеми со кои се соочи, тешко дека ќе успее да остане таму до крајот на сезоната.