Реал Мадрид го испрати во пензија Хесус Навас

Реал Мадрид во денешниот натпревар против Севиља славеше победа од 4-2, а овој натпревар беше посебен затоа што за последен пат на зелениот терен истрча легендарниот Хесус Навас.

Навас не беше стартер и во игра влезе во 65. минута на местото Идумбо и тоа беа неговите последни 20-тина минути во кариерата  бидејќи ја завршува блескавата кариера.

Во кариерата Навас покрај Севиља играше и за Манчестер сити од 2013 до 2017 година, додека останатиот дел го помина во шпанскиот тим.

Реал Мадрид не пропушти и да го одбележи неговиот последен настап.