Спектакл во Лондон: Ливерпул во натпревар со девет гола го победи Тотнем! (ВИДЕО)

По двата нерешени натпревари во низа со Њукасл и Фуилам фудбалерите на Фулам им се вратија на победите славејќи против Тотнем во еден спектакуларен натпревар со девет гола (3-6).

Доминираше Ливерпул во најголем дел од натпреварот, па така и заслужено победи. Луис Дијаз го отвори резултатот по 23 минути игра, а Мекалистер десетина минути подоцна се погрижи за 1-2.

Надежта на домашната екипа ја врати Џејмс Медисон со голот во 41. минута.  Сепак Шобослаи во последните моменти од првиот дел го врати водствот од два гола за Ливерпул.

Во второто полувреме, Салах кој беше асистент при голот на Шобослаи и самиот се запиша во листата на стрелци во 54. минута. Не застана тука Египќанецот и во 61. минута го постигна својот 15-ти гол во сезоната за веќе убедливи 1-5.

Тотнем до крајот успеа преку Кулушевски и Соланке да го ублажи поразот, додека Луис Диаз по втората асистенција на Салах и тој вторпат се запиша во листата на стрелци за конечни 3.6.

Ливерпул на табелата е лидер со 39 бода, четири повеќе Челси и шест од Арсенал. Тотнем од друга страна е 11-ти со 23 освоени бодови.