Омерагиќ го одбра тимот: Пандев директор, Најдоски и Ибраими - советници!

Веднаш по изгласувањето на Масар Омерагиќ за нов претседател на ФФМ, објавени се и имињата на новите функционери во македонскиот фудбал, меѓу нив има неколку фудбалски легенди.

Новиот претседател на ФФМ, Масер Омерагиќ рече дека еден од приоритетите му е враќање на фудбалските легенди во фудбалската федерација. Неколку од нив добија функции во новата постава.

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев е назначен за спортски директор на македонските репрезентативни селекции.

Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.