Драма на „Месталја“: Димитриевски со Валенсија освои бод против Алавес (ВИДЕО)

Валенсија продолжи со очајните резултати во шпанската Ла Лига и освои само еден бод против Алавес на домашен терен.

Карлос Мартин по само седум минути постигна гол за водство на Алавес од 1-0, а гостите продолжија со притисокот и во продолжение на првото полувреме при што Димитриевски мораше да запише одлична одбрана за да спречи зголемување на предноста на ривалот.

Риоха од пенал во 70. минута ја врати надежта на Валенсија (1-1), но Москера направи пенал во завршницата и потоа Хоан Џордан стрелаше за 2-1. Сепак, Гомез во осмата минута од судиското надополнување израмни на 2-2.

Валенсија избега од дното со 12 бодови по 17 одиграни меча, додека Алавес е на 15. позиција со 19 поени.