Аморим е најлошиот тренер на Јунајтед во ерата по Фергусон

Навивачите на Манчестер јунајтед имаа големи очекувања од новиот тренер Рубен Аморим, но тој не успеа да го разбуди заспаниот гигант по доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Аморим не успеа да фати ритам со новиот тим, па така на последните 12 натпревари Јунајтед загуби дури осум средби, а тоа му овозможи на Португалецот да стигне до негативен рекорд.

Португалскиот стратег стана најлошиот тренер на „ѓаволите“ во ерата по Алекс Фергусон. Аморим освои само 14 бодови со гигантот, односно помалку од Мурињо, Мојс, Ван Гал, Рангник, Тен Хаг и Солшер по нивните први 14 натпревари во Премиерлигата.