Алвеш се извини за коментарот за Астори - на некој начин

Фудбалерот на ПСЖ, Дани Алвеш денеска се извини за својот коментар за смртта на капитенот на Фиорентина, Давид Астори, но не во целост.

Бразилецот во вторникот, рече дека му е жал за смртта на Астори, но во светот секојдневно умираат илјадници деца и не го добиваат истото внимание како и фудбалерот. 

Ова предизвика бура од реакции во јавноста, а Алвеш беше нападнат и од Марио Балотели. Фудбалерот на ПСЖ денеска се извини за својата изјава, но беше доста резервиран.

„Не сакав никого да навредам. Живеем во свет во кој морате да бидете лицемерни за да бидете ценети. Се извинувам ако моите зборови навредија некого“, изјави Алвеш.