Ако остане на „Олд Трафорд“, Тен Хаг ќе добие голем удар по џебот

Ерик Тен Хаг има неуспешна сезона со Манчестер јунајтед, односно најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа ќе има голем удар по џебот на тренерот ако остане на „Олд Трафорд“.

Доколку остане во Манчестер, Тен Хаг ќе добие 25 отсто помала плата, односно 7,85 милиони евра поради тоа што екипата нема да игра во најелитното европско натпреварување.

Иако веќе се шпекулира дека „ѓаволите“ бараат негова замена, сепак газдите не можат да пронајдат идеално решение за кормилото на клубот.