Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше против вечниот ривал Пелистер со 1-0 во второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи имаа по неколку шанси на почетокот, а најсериозната ја имаше Михаил Талевски, но уште подобар на голот беше Филип Гачевски кој ја одбрани мрежата на Вардар.

По првото полувреме кое помина без погодоци, двете екипи тргнаа по трите бода во вториот дел, а единствениот гол беше постигнат во 86. минута кога Дианису го матира Јовчевски.

Одлична атмосфера создадоа и навивачите на двете екипи, Комити и Чкембари кои со пиро-шоу го украсија вечното дерби меѓу ривалите.

Вардар во следното коло гостува кај Шкупи, додека Пелистер ќе се соочи со Силекс.