Вардар претстави уште четири нови играчи пред стартот на Втората лига

Фудбалскиот клуб Вардар денеска промовираше четворица нови играчи, кои треба да бидат засилувања за нашиот најтрофеен клуб во битката за кам-бек во елитата. 

Втората лига не започна овој викенд како што беше предвидено, а „црвено-црните“ одиграа контрола со Локомотива. Тренерот Бобан Грнчаров доби засилувања во одбраната. Нови членови на поранешниот шампион се Јорго Папули (21), кој доаѓа од романска Стеауа и игра во одбраната.

Потоа нови играчи се и голманот Бобан Целески, кој доаѓа од ФК Скопје, потоа Христијан Вецески, кој игра и во одбрана и во средниот ред, а доаѓа од Пелистер, додека Матеј Николов му се приклучува на Вардар, како слободен играч и треба да ја засили левата бековска позиција.