Македонија ЃП ја доби скопската пресметка со Работнички, па со триумфот попладнево со 2-1 на отворањето на 25-то коло во Првата лига, за осма победа сезонава на „лавовите“ со кои бодовно се израмнија со петтата Брегалница на табелата.

„Резервистот“ Филип Алексовски ја обезбеди победата во пресметката во која Работнички заслужи и повеќе од минимален пораз, зашто дебармаалци имаа две извонредни шанси во завршните десетина минути кои не ги реализираа за да останат непоразени во Ѓорче Петров.

Есмин Личина погоди за водство на Македонија ЃП во 24-та минута, а Атхе Мазари со прекрасен гол од 25 метри израмни две минути потоа, па откако дирекот ги спасуваше „романтичарите“ при шансата на Самир Фазли и минималната одбрана на Игор Алексовски, џокерот на Горан Симов, Филип Алексовски погоди на 20 минути пред крајот после корнер и асистенција на Личина со повратната топка.

Гандо Биала имаше колосална шанса десет минути пред крајот, па уште една преку младиот Манојлов, Работнички поркоцка во 90-та за да извади бод, по што дебармаалци остануваат на 24 бода на осмото место.

Македонија ЃП сега има 23 бода колку и Брегалница во првата половина од табелата, а четвртиот Силекс им бега шест бода на четвртата позиција.