![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/07/05/203957-shkupi-se-zasili-so-desno-krilo-od-kosovo-so-iskustvo-od-marsej-i-rabotnichki.jpg?itok=zamYCRNn)
Шкупи се засили со десно крило од Косово со искуство од Марсеј и – Работнички!
Станува збор за 28-годишно десно крило, кој во минатото настапуваше за Работнички, а кој дел од младинската кариера ја мина и во францускиот тим Марсеј. Тој потпиша едногодишен договор со чаирчани, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Сахити сениорската кариера ја почна во тимот од Дебар Маало, за кој настапуваше во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, за во следните шест години да настапува за екипи како Скендербеу, АЕЛ, Септември Софија, Висла Плоцк, Зрињски, Шибеник и Лапи, кој е негов последен клуб.