Шкупи ќе проба да ја изненади Струга, а Тиквеш со нов тренер да ја освои Битола!

Денеска, во рамки на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе се одиграат уште два натпревара – дуелот помеѓу Струга и Шкупи (13.30 часот), како и пресметката меѓу Пелистер и Тиквеш, закажана во вечерниот термин во 17 часот.

Чаирчани поради суспензијата на стадионот во Чаир е принуден своите домашни натпревари привремено да ги игра на теренот во Струга., каде што иако формално ќе биде домаќин, токму Струга ќе влезе како голем фаворит, со оглед на разликата во форма и пласман на табелата. Шкупи на првите десет средби дојде само до едно реми – против Работнички (1-1) – и девет порази, додека стружани, иако второпласирани, ќе бараат поправен испит по изненадувачкиот пораз од Брера во минатото коло. Со евентуален триумф, избраниците на Срѓан Захариевски би можеле привремено да се вратат на врвот на табелата.

Под рефлекторите на стадионот „Под Тумбе кафе“, пак, се очекува дуел на два тима кои очајно бараат излез од резултатска криза. И кај битолчани и кај кавадарчани веќе дојде до промени на тренерските позиции, со надеж дека тоа ќе донесе позитивен пресврт. Пелистер последен пат победи на стартот на сезоната против Шкупи и Брера, а потоа влезе во серија од седум меча без триумф. Тиквеш, пак, има две победи – двете на домашен терен – и ниту еден освоен бод на гостувањата.