Сè е подготвено за вечното дерби: Познати составите на Вардар и Пелистер

Вардар и Пелистер вечерва од 20.00 часот ќе се соочат на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а тренерите веќе ги избраа фудбалерите со кои ќе излезат на теренот.

Вардар ќе настапи со Филип Гачевски, Ѓорѓе Чосиќ, Дејан Ѓуриќ, Јордан Донгмо Данел, Дарко Мицевски, Горан Закариќ, Дјибрил Дианесу, Горјан Цветков, Ненад Мишковски и Николче Шаркоски.

Пелистер ќе излезе на терен со Андреј Јовчевски, Стефан Ивановски, Александар Ристевски, Христијан Грозданоски, Благоја Љамчевски, Виктор Серафимовски, Михаил Талевски, Филип Миленковски, Бојан Спиркоски, Бобан Георгиев и Вилдан Керим.