Прволигашки циркузи: Бејтулаи ѝ ја обезбеди победата на Беласица со – автогол од 30 метри (ВИДЕО)

Беласица ја победи Шкендија со 2-1 за да влезе во тесна и пеколна битка за опстанокот, а мечот го одбележа репрезентативецот Егзон Бејтулаи кои си постигна урнебесен автогол од скоро 30 метри.

Бејтулаи иако немаше причина да ја врати топката кон голманот, зашто беше последен и осамен, сепак се реши да „додаде“, ама тоа го направи епски – го лобуваше за да постигне ефектен автогол. Стоперот даде гол во 64-та минута за Беласица да стигне практинчно до победата, а Шефит Шефити во 70-та само израмни колку а го ублажи поразот.

Беласица победи и се остварија најавите на обложувачниците, дека претпоследниот тим во лигата денеска ќе го победи лидерот и шампион, откако коефициентите за мечот вртоглаво паднаа во изминатите 24 часа.