
Познат е распоредот: Пелистер си закажа пет пријателски натпревари (ФОТО)
Пелистер под водство на тренерот Димитар Капинковски најпрво ќе се соочи против поранешниот шампион Струга ТЛ на 12 јули во Битола, а една недела подоцна следи пресметка против Трајал од Крушевац.
На 22 јули се игра мечот меѓу Пелистер и Македонија ЃП, по што во Битола ќе гостува Охрид на 26 јули, додека последниот натпревар е закажан против грчки Егалео на 29 јули во Охрид.
Фото: ФК.Пелистер Битола