Пелистер ги изненади навивачите – ќе се продава специјален, роденденски дрес! (ФОТО)

Од редовите на Пелистер потврдија дека подготвиле изненадување за навивачите и тоа нов дрес по повод 80 години постоење на клубот и 40 години на навивачката група „Чкембари“.

Дресот на битолската гордост разбирливо ќе биде во традиционалните бои бела и зелена. На ракавот на десната страна ќе стои логото на општината, а на предната страна логото на спонзорот и клубот. Помеѓу нив ќе биде испишана и бројката 80 во која уште еднаш ќе биде додадено логото на клубот.

Исто така на задната страна ќе стои и логото на „Чкембари“. Во продажба дресот ќе пуштен идната недела во вторник (19.08).