Најголемиот талент на Вардар емотивно се збогува со матичниот клуб

Најтрофејниот македонски клуб Вардар остана без еден од своите најголем таленти, младинскиот репрезентативец Никола Серафимов, кој решил да го напушти клубот.

Серафимов ги помина сите младински категории на македонскиот тим, а денеска се огласи на социјалните мрежи, каде што емотивно се збогуваше со матичниот клуб.

„Jа имав честа 13 години да тренирам, да учам, да се развивам носејки го дресот на најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб. Сакам да се заблагодарам на ФК Вардар за соработката, шансите, знаењето и искуството што ми овозможи да ги стекнам. Одговорноста да се носи црвено црниот дрес е голема, и за мене се од непроценливо значење сите одиграни натпревари во кои што секогаш го давав максимумот за да ги одбранам боите на мојот клуб. Големо благодарам до сите тренери, соиграчи, навивачи и пријатели за несебичната поддршка и соработка. Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат. Од Вардар заминувам со посебен респект, зошто овој клуб е мојата прва и најголема фудбалска љубов“, напиша Серафимов.