
Македонија ЃП ќе се подготвува во Охрид и ќе одигра пет контролни меча!
Ѓорчепетровци во бисерот крај Охридското езеро ќе заминат на 15 јули и таму ќе останат во следните десетина дена. Пред заминувањето, пак, ќе одиграат контролни средби против австрискиот тим Фавац (10 јули) односно против Тиквеш (13 јули) додека во Охрид ќе ги одмерат силите против албанските тимови Теута (18 јули) и Лачи (25 јули) како и против битолски Пелистер (22 јули).
Македонија ЃП го освои првото место во Втората лига, а за следната сезона се надева дека не само што нема да се бори за опстанок туку дека може да се замеша и во борба за едно од местата што водат во Европа.