Јанкулов: Кога постигнавме прв гол, знаевме дека ќе победиме!

Фудбалерите на Вардар вечерва по победата од 3-0 над Ла Фиорита дојдоа на чекор од пласман во следната рунда од квалификациите во Конференциската лига, а по средбата пред новинарите покрај тренерот Гоце Седлоски зборуваше и фудбалерот Георгие Јанкулов.

Според Јанкулов најважно е што Вардар постигнал брз гол во второто полувреме, а по тој гол веќе биле убедени дека вечерва ќе слават победа.

„Ова беше прв официјален натпревар сезонава и во првото полувреме игравме под грч, но кога постигнавме гол знаевме дека ќе биде полесно да победиме. Добро е што постигнавме брз гол во вториот дел, потоа следеа и уште два брзи гола. Многу е важно и што успеавме да ја зачуваме мрежата, одиме во реваншот да ја завршиме работата и да патуваме во следната рунда“.

Реваншот е закажан за седум дена на гостински терен.