ФФМ: Соработуваме со МВР во истрагата за наместени натпревари во Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија попладнево се огласи по информациите дека Јавното обвинителство и МВР побарале детали за клубови и официјални лица, осомничени за местење натпревари.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ,  потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“, информира ФФМ.

Акцијата во ФФМ е дел од борбата против наместени натпревари во регионот, а која е иницирана од компанијата „Спорт радар“.