Дончевски прогласен за почесен претседател на Вардар!

Легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Андон Дончевски е прогласен за почесен претседател на црвено-црните.

Андон Дончевски кој речиси целата фудбалска кариера ја мина во Вардар за кој има преку 300 настапи и преку 200 постигнати голови, стана почесен претседател на клубот.

„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на 07.08.2025, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на Македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски да биде прогласен за почесен претседател на клубот“, се вели во соопштението на Вардар.

И покрај тоа што веќе има 89 години, Дончевски уште им дава несебична поддршка и на Вардар и на македонската репрезентација мотивирајќи ги фудбалерите да го дадат максимумот за светиот дрес.