
Брегалница ја купи - турска кошаркарска легенда!
Тој го презеде контролниот пакет акции од досегашниот газда Кирил Гогов, најавувајќи силна финансиска поддршка и амбиции за враќање во Првата лига. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, официјално го претстави новиот инвеститор, притоа потенцирајќи дека Општината ќе го задржи сопственичкиот удел од 48-отсто, додека Шен преостанатите 52 отсто ги купил за 150.000 евра, со што станува мнозински акционер во клубот.
„Целта е Брегалница да се врати таму каде што припаѓа – во елитата. Само за новата сезона, лично вложувам еден милион евра. Клубот ќе биде поставен на здрави основи“, изјави Шен, кој во својата кариера настапувал за реномирани клубови како Бешикташ, Фенербахче и ој има стотина настапи за кошаркарската селекција на Турција.
Договорот предвидува новото раководство да се грижи за целосната финансиска стабилност на сениорскиот тим, додека Општината ќе се повлече од директно финансирање, со исклучок на поддршка за младинските категории. Според првичните проценки, годишниот буџет на клубот ќе изнесува околу еден милион евра. Наскоро се очекува Влатко Костов да биде назначен за шеф на стручниот штаб, додека со младинската школа ќе раководи Димитар Маџунаров.
На 12 септември е најавен и голем пријателски натпревар под рефлектори меѓу ветераните на Брегалница и Црвена Звезда, како симболично ново поглавје за „сините“.