Башкими договори нов тренер – човекот кој освои Куп со Тиквеш!
Според медиумите на албански јазик во државата, нов кормилар на составот од Куманово ќе биде Ѓорѓи Мојсов, кој пред една недела поднесе оставка како предводник на Тиквеш. Договорот помеѓу него и раководството на клубот, наводно, веќе бил постигнат, а останува само официјалната потврда.
Мојсов со Тиквеш го освои Купот на Македонија пред две сезони, а со своето искуство се очекува да внесе стабилност и нова енергија во тимот од Куманово, кој во моментов е на петтата позиција на табелата со 19 бодови, пет помалку од лидерот Вардар.