Вучиќ открива: Долгот на Партизан изнесува над 50 милиони евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаше уште едно јавно обраќање во кое, меѓу другото, зборуваше за фудбалските клубови Партизан и Црвена Звезда.

Откри дека државата му помогнала на Партизан да добие евро-лиценца за идната сезона со тоа што му уплатила 3,2 милиона евра, но и дека долгот на клубот изнесува над 50 милиона.

„Толкав е долгот, за Црвена Звезда е нешто помал, но и да е толкав, може да се поднесе затоа што приходите се различни. Кај Партизан има една една добра вест за навивачите, денеска им овозможивме 3,2 милиона евра за да можат да шутираат топка во Европа. Она што е добро е што првпат раководството на Партизан дозволи наши експерти да ја анализираат финансиската конструкција и да направи реална програма, не како да преживее во следните шест месеци, туку како вистинско да оздрави на финансиски план иако тоа ќе биде долг и тежок процес“, рече, меѓу другото, Вучиќ.

Фудбалскиот клуб Партизан не знае за титула во српското првенство од 2017 година, а последните сезони е и со големи финансиски проблеми.