
Уапсен е претседателот на Фудбалската федерација на Косово
Адеми бил уапсен и четири часа испрашуван во полициска станица. Причините за апсењето на првиот човек на косовскиот фудбале се сѐ уште непознати.
Во последните две-три години во косовските медиуми имаше информации дека Фудбалската федерација на Косово е под истрага од обвинителството за злоупотреба на средства и даночно затајување.
Апсењето доаѓа на четири дена пред мечот меѓу Косово и Израел во рамките од квалификациите за ЕП 2024.