Скандал во Загреб: Динамо шверцувал хулиган во авионот од Атина – син на функционер!

Спортскиот свет во шок ги следеше настаните од Атина на почетокот на август, кога животот го загуби 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацулис пред натпреварот меѓу овој тим и Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите.

Грчките власти веднаш почнале да трагаат по неговиот убиец, кој го бараат меѓу хулиганите од Загреб, а кој се уште не е пронајден. Хрватскиот магазин „Национал“ денеска објави ексклузивна информација дека челниците на „модрите“ долго време кријат голем скандал поврзан со овој случај. Неделникот од извор близок до раководството на фудбалскиот клуб Динамо дознал дека цел клуб месец ипол е страв да не излезе во јавноста дека во авионот со експедицијата на враќање од Атина имало - „слеп патник“.

Според „Национал“, во Грција отпатувале 64 членови на делегацијата на Динамо, а оттаму се вратиле - 65. Шверцуван, наводно, бил еден од членовите на Бед Блу Бојс, кој добил облека на Динамо, а се качилво чартерот и со тимот се вратил во Загреб. Станува збор за Дино Кордиќ, син на Жељко Кордиќ, функционер и пратеник во Собранието на Динамо. Во Атина, тој наводно и се јавил на првата дама на Динамо, Влатка Перас, а таа испратила двајца мажи да го земат, што тој и го потврдил на полицијата, пишува хрватски магазин.

Според „Национал“, Кордиќ по голема тепачка се сокрил во грмушка, сцена што изгледала како да е од филм, а не од реалноста. Засега нема официјален коментар од таборот на хрватскиот гигант.